Куче нападна мајка и 13-годишно девојче

489

Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според информациите од полицијата, на 11 март 2026 година, пријавениот без надзор го пуштил своето куче на улица.

Во тој момент, кучето нападнало две лица – Ѓ.Д.А. и нејзината 13-годишна ќерка.

Од полицијата посочуваат дека по документирањето на случајот е поднесена соодветна пријава против лицето.

Претходна вестПратеник сам си пратил заканувачко писмо за да добие државно обезбедување – и тоа го има во Бугарија
Следна вестПолицијата со детали за починатата девојка во Штип