Македонија тагува: Почина Деспина Димитрова

5980

Тажната вест ја објавија од ХЕРА:

Со тешко срце и длабока болка се збогуваме со нашата Деспина Димитрова, долгогодишна активистка, соработничка и членка на Управниот одбор на ХЕРА.

Нејзиниот пат во организацијата беше тивок и природен, од првите волонтерски денови, па сè до Управниот одбор, секогаш водена од искреност и силна посветеност кон човековите права.

Ќе ја паметиме по храброста со која говореше на говорниците за модерна контрацепција и по посветеноста со која придонесуваше во работата на Управниот одбор.

За Деспина, човековите права не беа само тема, туку лична вредност со која ја живееше секојдневно. Нејзината посветеност останува вградена во темелите на ХЕРА, а нејзината енергија ќе продолжи да нè инспирира во секоја наредна борба.

Почивај во мир, драга Дефи.

Твоето дело во ХЕРА ќе продолжи да живее и да нè води.

Претходна вестУжас ја потресе Македонија: Прегазени три лица – полицијата со детали
Следна вестОбјава кој ќе ве скрши: Со тешко срце и длабока болка се збогуваме со нашата Деспина