Ужас ја потресе Македонија: Прегазени три лица – полицијата со детали

3697

Полицијата во Кичево поднела кривична пријава против 44-годишниот М.У. од градот, поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.

Според информациите од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кичево, инцидентот се случил на 21 март 2026 година на територијата на градот, по претходно вербално недоразбирање кое прераснало во сериозен конфликт.

Во текот на настанот, осомничениот, управувајќи патничко возило, наводно удрил во три лица, при што тие се здобиле со повреди.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 21.03.2026 во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со своето патничко возило удрил во три лица и им нанел повреди.“, објави МВР.

Претходна вестПознато од кој македонски град е возачот на камионот кој загина во Хрватска
Следна вестМакедонија тагува: Почина Деспина Димитрова