Пристигнуваат убави вести
Три хороскопски знаци во првата половина на мај ќе имаат големи можности кога се во прашање финансиите, па треба да се случи чудо за да не ги искористат.
Уште на почетокот на месецот ќе добијат налет на креативност така што сите оние кои се занимаваат со работа во врска со естетика, уживање но и професии поврзани со децата, ќе имаат доста успех до 5 мај. Од 6 до 18 мај следат добри аспекти на полето на финасиите. Близнаците тогаш може да договорат некои тајни соработки или постигнат голем успех во се што е поврзано со вложување, кредити и се што е поврзано со финансиите.
Во овој период претставниците на овој хороскопски знак ќе враќаат некакви долгови или ќе ги намират сите обврски кои досега ги одложувале. Овој период би требало да го искористите така што ќе бидете колку е можно повеќе дисциплинирани со парите, па дури и да започнете со некакви мерки на штедење. Околу 24 мај ќе се чувствувате многу подобро и ослободени од товар, па парите самите ќе ви доаѓаат. Најдобра заработка ќе биде од трговија и професии поврзани со комуникација и транспорт, но и преку онлајн работа.
Лав
Повеќето Лавови ќе добијат ненадеен прилив, но и можност за голема заработка преку ризични вложувања. Под влијание на полната месечина од вашето астролошко поле на договори и преговори веќе на почетокот на месецот ќе прифатите соработка која ќе ви ја понуди една Вага или Скорпија.
Од 6 до 19 мај следат одлични аспекти на полето на кариера и овие совршени аспекти би требало да ги искористите за да зајакнете некои работни темели, воспоставите одлична соработка со личностите од авторитет, но и да заработите повеќе пари од тоа што го сакате. Можно е дека ќе ви се јават некои нови идеи, па и можност за ширење на бизнисот во текот на тој период. Од 24 мај финансиската ситуација ќе биде одлична за вас, особено на Лавовите на високи положби или на оние кои се занимаваат со луксуз или јавна работа.
Јарец
Март ќе го пречекат доста зафатени под влијание на полната месечина од нивното поле на кариерата. Оваа полна месечина може да донесе и напредување, но и некој вид на зголемување на плата и доста позитивен одговор со надредените доколку ги имате.
По 5 мај ќе имате зголемена креативност и одлични идеи кои може да ви донесат проширување на работата, особено на Јарците кои се занимаваат со професии поврзани со забава. Од 7 до 19 мај можни се важни за напредување во кариерата. Работите поврзани со недвижности, но и решавање на станбеното прашање исто така може да ги окупираат Јарците во текот на мај.




