Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи во петокот наутро во Прилеп, на улицата „Леце Котевски“, на излезот кон Крушево.
Според информациите од МВР, околу 06:15 часот автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишен возач, удрил во мотоцикл марка „Хонда“ без регистарски ознаки, кој го управувал 19-годишник од селото Големо Коњари.
По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде лекарите констатирале смрт.
Екипа на ОВР Прилеп извршила увид на местото на настанот, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.




