Април – вее снег во Македонија

3234

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во западните предели од Македонија.

Најмногу воден талог до 8 часот утрово наврна во Маврово и тоа 48 литри на метар квадратен воден талог.

Сепак изминатата ноќ настапи нагло заладување на времето проследено со северен ветер па така на планинските места над 1300/400 метри надморска височина врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег па така ова утро снег има на Попова Шапка, Маврово, Лазарополе како и на планинскиот превој Стража.

Најладно утрово до 8 часот беше на Попова Шапка каде температурата се спушти под нулата, одсносно измерени се -2 степени.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури за денес по градови и места во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен исто така до 8 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.

Претходна вестЛОША вест ја потресе Македонија
Следна вестПочина Драгица Велковска