Пад на цените на бензинот и дизелот

30

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од 21 април 2026 година (00:01 часот) се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија во просек за 2,13 отсто.

Според одлуката, бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,5 денари по литар, додека кај другите деривати има различни корекции.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 80,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 82,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 94,00 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 97,00 денари/литар
Мазут М-1 НС: 46,288 денари/килограм
За разлика од бензините и дизелот, цената на екстра лесното масло за домаќинство бележи мало зголемување од 0,5 денари по литар, додека мазутот поевтинува за 2,939 денари по килограм. Од РКЕ информираат дека ваквите промени се резултат на намалувањето на референтните цени на светските пазари, особено кај дизелот, како и движењата на курсот на денарот во однос на доларот.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ, што значи дека возачите веќе од утре ќе точат по пониски цени на бензин и дизел.

Претходна вестСтраотна трагедија: Бебе со возило од Итна помош почина во сообраќајна несреќа