Почина Вања Андонова на 45-годишна возраст, објавија нејзини пријатели на социјалните мрежи.
За оваа силна жена и активистка за женските права во повеќе наврати пишуваа медиумите.
Андонова со години се бореше со канцер.
Во јавноста неретко истакнуваше дека не се откажува и дека се бори за нејзините деца да ја имаат покрај себе. Отворено зборуваше за болеста, за првичниот страв кога ја дознала дијагнозата, но и уште поголемиот удар, кога во рок од две години, по вторпат се соочила со болеста, јавува „Викимедиа“.
За неа беа организирани хуманитарни кампањи, со цел да се соберат средства за скапата терапија. За Осми март објави дека деца во училиште, со поддршка од родителите, наместо да купуваат подароци за наставничките, средствата ѝ ги доделиле нејзе, за да ја плати терапијата.
„Ова е толку искрена намера, толку хумано дело и верувам дека ќе се слушне и прошири насекаде, за овие ученици и нивните наставници и родители, како сплотени и искрено ми помогнаа мене во овие тешки моменти. Уште еднаш Ви благодарам на сите вас. Нека бидете пример за другите, вака празникот е поубав“, објави тогаш Вања.




