Син на поранешна градоначалничка во Македонија заврши во притвор
Во Тетово полицијата пронашла и запленила марихуана и бел прашок при претрес на изнајмен објект, во рамки на истрага поврзана со сомневање за трговија со наркотични средства.
Според соопштението од СВР Тетово, при претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок.
Тетовската полиција вчеравечер извршила претрес и во еден изнајмен стан, како и во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, по сомневања дека нејзиниот 16-годишен син е вклучен во продажба на наркотични средства, објави порталот на албански јазик „Алмакос“.
Според истите информации, синот на екс градоначалничката на Тетово Теута Арифи бил приведен во полициска станица, заедно со неговиот татко, актуелен судија во Врховниот суд. Малолетникот е лишен од слобода и во присуство на родител ќе се врши службен разговор, по што ќе следи соодветна пријава, соопшти полицијата.




