(ВИДЕО) Секој ќе се наежи: Колумбиецот Херера најгласно ја пееше македонската химна

596

Колумбиецот Себастијан Херера беше еден од дебитантите во дресот на Македонија на гостувањето кај Данска, а уште пред почетокот на натпреварот го привлече вниманието со емоционалниот момент за време на интонирањето на химната.

Херера, кој настапува за Борац Бања Лука и поседува македонско државјанство, најгласно ја пееше македонската химна, покажувајќи колку му значи повикот во националниот тим.

Со својата посветеност и енергија, тој брзо ги освои симпатиите кај македонската јавност, а и пред натпреварот истакна дека настапот за репрезентацијата е остварување на голем сон.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера – да го носам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам“, изјави Херера.

Претходна вестТажната вест ја погоди цела Македонија: Почина познатиот режисер
Следна вест(Видео) Едно нешто по крајот на средбата ги остави сите без збор