Тажната вест ја погоди цела Македонија: Почина познатиот режисер

4524

Почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, на 46-годишна возраст, соопшти Народен театар Битола.

Мицевски, кој подолг период живееше и работеше во Лондон, во јуни 2025 година се врати на македонската сцена по пауза од 14 години, кога во Битола ја постави претставата „Едмонд“.

Тој дипломирал на Факултет за драмски уметности Скопје, а во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација за делото на Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен при Универзитетот во Осло.

Во текот на кариерата се преселил во Будимпешта, каде го основал театарот „Театар на покривот“, со репертоар на англиски јазик. Работел во повеќе европски земји, градејќи препознатлив стил со фокус на минимализмот и современите театарски изрази.

Неговото творештво беше насочено кон истражување на нови перспективи во театарската уметност и остави значаен белег на сцената.

Претходна вестГраѓаните во шок: Зејтинот, месото и кафето со вртоглави цени
Следна вест(ВИДЕО) Секој ќе се наежи: Колумбиецот Херера најгласно ја пееше македонската химна