Тешка акција на едни од најдобрите пожарникари во Македонија

1584

Пожарникарите од ТППЕ Струмица утринава спроведоа сложена спасувачка акција, откако девојка паднала во провалија под локалитетот Цареви Кули, на местото познато како Црвен Дол.

Интервенцијата се одвивала во раните утрински часови на исклучително тежок и непристапен терен, каде шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила биле ангажирани за извлекување на повреденото лице.

Поради сложеноста на теренот, спасувачите користеле алпинистичка опрема и специјални носила за безбедно извлекување.

По успешно завршената акција, девојката била извлечена од провалијата и веднаш предадена на екипа на Итната медицинска помош.

На местото на настанот биле присутни и полициски службеници од СВР Струмица, кои асистирале во интервенцијата.

Состојбата на повреденото лице засега не е официјално соопштена.

Претходна вестЦрн викенд во Македонија: По Зрновци пронајдени уште починати три лица – МВР само што соопшти детали
Следна вестГрупа вооружени разбојници упадна во ресторан: Над 100 гости држени на нишан, едно лице тешко повредено – полицијата ги уапси