Почина Драги Гроздановски

2428

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола соопшти за смртта на нивниот долгогодишен член Драги Гроздановски.

-Изразуваме искрено и длабоко жалење по повод смртта на Драги Гроздановски – член на ВМРО ДПМНЕ и носител на повеќе партиски функции меѓу кои и секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

Гроздановски исто така беше носител на повеќе јавни функции – пратеник во првиот состав на македонското Собрание, заменик Министер на МВР, директор на Агенцијата за разузнавање, советник и Претседавач со Советот на општина Битола и директор на КЈП “Нискоградба”.

Нека му е вечна слава.

Сочувство до семејството и пријателите.

Претходна вестПо нападите над Изреал се огласи Нетанјаху: Се е подготвено
Следна вестПосле две години тешки несреќи и финансиска криза, конечно доаѓаат многу пари и среќа за овие луѓе