Макрон: Ќе ги браниме ОАЕ, Кувајт и Катар и ќе ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран

3206

Претседателот Емануел Макрон во кратко обраќање до нацијата соопшти дека Франција ќе застане покрај своите партнери во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Франција има одбранбени договори со Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Катар, земји кои беа цел на ирански напади.

Макрон истакна дека Париз ќе ги исполни своите обврски и ќе им даде поддршка на сојузниците.

Тој нагласи дека се залага за брзо решавање на конфликтот и деескалација на ситуацијата.

Воедно потврди дека е договорено, покрај носачот на авиони, да бидат испратени и дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар. Француска фрегата се очекува да пристигне крај кипарскиот брег уште вечерва.

„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран“, порача Макрон.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Следна вестВечерва тешка сообраќајка – за жал има и жртви