Попладнево тешка сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница, пренесува 24info.mk.
Според информациите, патничко возило од марката БМВ, движејќи се со голема брзина, излетало од коловозот на делницата меѓу клучката Радишани и клучката Визбегово.
Неофицијално, во несреќата тешко е повреден возачот, маж на возраст од околу 50 години.
На местото на настанот се очекува пристигнување на полициски екипи и Итна медицинска помош, додека повеќе информации за причините и здравствената состојба на повредениот се очекуваат од Министерство за внатрешни работи на Македонија.



