Вечерва тешка сообраќајка – за жал има и жртви

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.

Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Претходна вестМакрон: Ќе ги браниме ОАЕ, Кувајт и Катар и ќе ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран
Следна вестТатко си го пронајде синот (17) претепан пред зграда – лекарите се борат за неговиот живот