Животот не бира кога ќе те скрши: 18-годишниот Душан загуби живот, зборовите на мајката ја кршат душат

241

Душан Микиќ (18) загина во сообраќајна несреќа во Сремска Митровица, кога негов врсник го удрил со автомобил „BMW“. Од трагедијата поминаа скоро седум години, но против осомничениот тинејџер сѐ уште не е подигнато обвинение.

Неговата мајка, Марта Микиќ, води битка за правда и во меѓувреме им помага на други родители кои се соочиле со слична трагедија.

Несреќата се случи на 9 јуни 2019 година околу 20:40 часот, додека Душан возеше велосипед. Автомобилот излегол од главна улица и го удрил, додека тој се движел со околу 12 километри на час, а возилото со 57 километри на час, според првичните вештачења.

Мајката тврди дека првичното вештачење било направено без обдукционен налаз, со што вината била насочена кон нејзиниот син. Подоцна било изготвено ново вештачење кое утврдило дека Душан починал од задобиените повреди. Таа нагласува дека син ѝ бил здрав, спортски активен и физички силен млад човек.

Во емотивна објава на социјалните мрежи, Марта напиша дека се трудила да биде силна и достапна за другите, без да ја истакнува својата трагедија. Таа додава дека покрај се, го сака животот, своите деца и верува во Бог.

Душан бил омилен во Сремска Митровица, со многу планови и соништа. На неговиот погреб присуствувале бројни сограѓани. Семејството сѐ уште очекува правдата да ги утврди сите околности и да одговори за неговата смрт.

Претходна вестНајнова вест од Македонија: Мајка вечерва очајно го бара својот син преку социјалните мрежи
Следна вестАМСМ утрово со најнови информации: Снег врне на овој патен правец