Европа со удар кон Кина и ефтините пратки: Од 1-ви јуни за секоја порачка ќе се плаќа 180 денари од парче

652

Советот на Европската унија официјално го одобри воведувањето на нови царински давачки за малите пакети што пристигнуваат во Унијата, најчесто од Кина. Со оваа одлука се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност под 150 евра, мерка што според Брисел создаваше нелојална конкуренција кон трговците во земјите членки.

Новите правила ќе почнат да се применуваат од 1 јули 2026 година, кога ќе биде воведена привремена фиксна царина од три евра за стоки со вредност под 150 евра. Преодниот период ќе трае до 1 јули 2028 година, по што привремената такса ќе биде заменета со редовни царински стапки, откако ќе стане целосно оперативен новиот паневропски онлајн царински центар на ЕУ.

Според официјалните податоци, дури 91 процент од 4,6 милијарди пакети што влегле во ЕУ во 2024 година потекнувале од Кина. Европските институции оценуваат дека ваквиот обем на увоз без царински давачки значително ги нарушува условите на пазарот.

Сепак, клучната промена за потрошувачите се крие во начинот на пресметка на царината. Фиксната давачка од три евра нема да се наплаќа по пакет, туку за секоја различна категорија стока во пратката, според царинскиот тарифен број.

Тоа значи дека доколку во еден пакет има, на пример, свилена блуза и волнени блузи – кои припаѓаат во различни категории – ќе се наплатат по три евра за секоја категорија, односно вкупно шест евра. Доколку пратката содржи три различни категории стоки, царината ќе изнесува девет евра, и така натаму.

Мерката се однесува на мали пакети испратени директно до потрошувачите во ЕУ. Од Брисел очекуваат дека новиот систем ќе има позитивен ефект врз буџетот на Унијата, како и врз јавните финансии на земјите членки, но и ќе создаде порамноправни услови за европските продавачи.

Претходна вестЦела Македонија зборува за ова: Луѓето излегоа и поставија рампа – гласно кажаа дека заеднички се ПРОТИВ тоа што сакаат да им го направат
Следна вестСе стравува бројот ќе расте: Дождот во Македонија загрози над 180 луѓе – итно евакуирани