Ова е добра вест, веднаш прочитајте: Убава вест за скенирачите на фискални сметки

3443

Управа за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.

За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ.

До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.

Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.

Апелираат доколку немате добиено средства, да ги проверете и ажурирате податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.

Претходна вест„5.000 евра кола ми зедовте“ – Граѓани палат ѓубре, блокиран патот Битола-Ресен по новите законски правила, со кои се казнуваат возачите без возачка дозвола
Следна вест(ФОТО) Цела Македонија гори, нема мир вечерва: Револтот се прошири и во уште еден град