(ФОТО) Цела Македонија гори, нема мир вечерва: Револтот се прошири и во уште еден град

6653

Битола, Прилеп, Кочани, Штип… низата продолжува, најнов град со протести доцна вечерва.

Вечерва, на 3 февруари 2026 година, група граѓани во Струмица го блокираа транзитниот пат во близина на Ромското маало со запалени гуми.

Тие изразуваат силно незадоволство од казните што Министерството за внатрешни работи почна да ги издава преку системот „Безбеден град“.

Слични реакции и собири се забележани и во други градови низ државата.На социјалните мрежи се појавија видеа од локацијата каде граѓаните гласно го искажуваат револтот, а во воздухот се ширеше густ чад од запалените гуми – што дополнително го влошува и онака сериозниот проблем со загадувањето на воздухот во Струмица.

Полициски екипи од Секторот за внатрешни работи Струмица и ТППЕ се на лице место и го следат развојот на ситуацијата.

Претходна вестОва е добра вест, веднаш прочитајте: Убава вест за скенирачите на фискални сметки
Следна вестБојмацалиев: Мислата и делото на Гоце Делчев нè потсетуваат дека слободата и достоинството не се подаруваат, туку се градат со свесност, пожртвуваност и заедничка одговорност кон иднината