„5.000 евра кола ми зедовте“ – Граѓани палат ѓубре, блокиран патот Битола-Ресен по новите законски правила, со кои се казнуваат возачите без возачка дозвола

4803

Регионалниот пат Битола–Охрид е привремено блокиран, откако група граѓани организираа протест со палење пластика и отпад, поради што сообраќајот на оваа фреквентна делница беше прекинат одреден период.

Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а густ чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост, што дополнително ја отежна безбедноста на сообраќајот.

Според неофицијални информации, повод за протестот е одземањето на возила на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи на сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што наведуваа, високата вредност на одземените автомобили, а на видеоснимки од настанот може да се слушне извикување: „5.000 евра кола ми земавте“.

Протестирачите изразија незадоволство и поради, како што тврдат, дискриминација, посочувајќи дека дел од нив немаат завршено образование, што им оневозможува да полагаат за возачка дозвола.

На местото на настанот биле присутни и полициски службеници кои ја следеле состојбата и го обезбедувале просторот. Засега нема официјални информации за приведени лица, ниту за точната должина на траењето на блокадата, како и дали ќе следуваат дополнителни мерки од надлежните институции.

Претходна вестТАЖНА ВЕСТ: Македонија во тага, почина музичката и културна легенда
Следна вестОва е добра вест, веднаш прочитајте: Убава вест за скенирачите на фискални сметки