Тажната вест ја објавија од МРТ: Ненадејно почина Александар, зад себе остави сопруга и три деца

2267

За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма…

Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков.

За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма.

Мижимаков студираше филмска камера во Софија и работеше на неколку надворешни проекти надвор од МРТ.

Зад себе остави сопруга и три деца.

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата, пријателите и колегите на Александар.

Претходна вестПозната причината за смртта на познатиот фризер
Следна вестНема повеќе пушење во кола – еве и каде на друго место ќе биде забрането пушењето цигари: Детални информации за новиот закон