Божикна група составена од млади учесници кои изведувале празнични песни била замолена да го напушти просторот на трговскиот центар Капитол Мол во Скопје, што предизвика реакции кај дел од јавноста.
Според изјави на родители на деца кои учествувале во поворката, на младите им било соопштено од страна на обезбедувањето дека не е дозволено да продолжат со пеењето во внатрешноста на трговскиот центар.
Настанот бил снимен, а видеото подоцна било споделено на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како децата се движат низ објектот и изведуваат божикни песни, по што следи разговор со припадник на обезбедувањето, кој им укажува дека мора да го напуштат просторот.
По кратката комуникација, едно од децата им пренело на родителите дека им било кажано оти не смеат да пеат во трговскиот центар.
Причините за ваквата одлука засега не се официјално соопштени, а настанот отвори прашања и бројни коментари околу тоа дали и зошто празничното божикно пеење било оценето како недозволено во јавен комерцијален простор.
Видеото може да го погледнете со клик ТУКА.



