Глетката е застрашувачка: Сообраќајна несреќа кај Петровец, на терен итните служби

7192

Вечерва на автопатот Скопје–Велес, кај Петровец се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина).

На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба.

Поради интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвивал забавено, со краткотрајни застои во движењето на возилата, но истиот не е блокиран односно се пропуштаат возила.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат детали за причините за несреќата и за состојбата на учесниците во сообраќајот.

Претходна вестБрутално убиство: Дарко ликвидиран пред очите на сопругата и 4-годишниот син
Следна вест(ВИДЕО) Деца што пееја божикни песни избркани од познат трговски центар во Скопје