Советот на Oпштина Македонска Каменица на денешната четвртата седница донесе Одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска.
Со одлуката, деновите 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година, се прогласуваат за денови на жалост.
Во овој период ќе бидат одложени сите настани од забавен карактер организирани по повод новогодишните празници.
Како што е предвидено, државните знамиња пред јавните институции на територијата на општината ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на почит и сочувство.
Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе биде објавена во „Службен гласник на општина Македонска Каменица“.
Од Советот на општината упатија сочувство до семејството и најблиските на починатата.



