СДСМ ќе го одржи 31. Конгрес – познатата датата и местото на одржување

647

СДСМ својот 31. Конгрес ќе го одржи на 24 јануари 2026 година во Скопје, дознаваме од високи избори од партијата.

Попладнево, пред членовите на Централниот одбор на партијата ќе се разгледува предлог-одлука за свикување на Конгресот, кој треба да се одржи за еден месец.

Точната локација и време ќе ги одреди генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

На Конгресот, меѓу другото, ќе се одлучува и за избор на нов заменик претседател на партијата.

По колективната оставка на раководството, позицијата повеќе не ја зазема Фани Каранфиловска Пановски. Согласно статутот на партијата, по предлог на претседателот, членовите на Конгресот ќе изберат нов заменик претседател.

Претходна вестНајмоќното женско име се враќа во Македонија – девојчињата што го носат, цел живот ги следи успех и среќа
Следна вестТешка сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот