Александар Саша Димитријевиќ, ќе остане генерален секретар на СДСМ. Оваа информација која сите ја очекуваа, ја соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Веднаш по споделувањето на информацијата, на социјалните мрежи се појавија бројни објави од социјалдемократите со силна поддршка, во кои се изразува задоволство од работата на генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ.
Во пораките се истакнува дека тој за релативно краток период успеал да воведе значајни новитети и позитивни промени во функционирањето на партијата.
Покрај генералниот секретар, Филипче потврди и дека едно од потпретседателските места ќе биде за ортопедот Александар Трајановски, кој воедно беше и кандидат за градоначалник на СДСМ во Аеродром.
Во текот на утрешниот ден се очекуваат и сите имиња кои ќе бидат новитет во партијата на СДСМ



