„Ти благодарам за секој миг поминат со тебе“: Искра скршена по смртта на Сашо

3866

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на 57-годишниот Сашо Наневски, познат меѓу пријателите и сограѓаните како Нанец. Тој беше еден од најпрепознатливите охриѓани и сопственик на првото модерно кафуле во градот, човек кој остави длабока трага во урбаниот живот на Охрид.

Од Наневски се простуваат бројни пријатели, познати личности и јавни фигури, кои преку социјалните мрежи споделуваат спомени и емотивни пораки. Меѓу нив е и познатата водителка Искра Канзурова, која со трогателни зборови се прости од својот долгогодишен пријател.

„Охрид го сакам не само поради неговите убавини, туку и поради неповторливите и уникатни луѓе кои живеат само таму. Нанец беше еден од нив. Го знам од дете. Беше фраер со големо Ф – не како денешниве фраери кои освен пари немаат што друго да понудат. Го сакав неговиот ум, широкоста, оригиналноста и длабочината. Секој разговор со него беше вистинска школа“, напиша Канзурова.

Таа додаде дека Наневски ќе недостига бескрајно, нагласувајќи дека Охрид нема да биде ист без него, а и сите што го познавале засекогаш ќе го чувствуваат неговото отсуство.

Ненадејното заминување на Сашо Наневски остави празнина кај многумина, а јавноста продолжува да се простува од човекот кој за многумина беше симбол на едно поинакво, автентично Охрид.

Претходна вестРечиси 200 деца зачнати со донаторска сперма со ген за рак, меѓу нив и во Македонија
Следна вестУжасни вести: Тешка сообраќајна несреќа и тројца млади повредени – итно префрлени во болница