Видео кое го шокираше цел Балкан: Снимка како мафијаш удира шамари на келнер пред ресторан

11969

Миљан Хофман Видовиќ, братот на Љубан Хофман Видовиќ, кој пред неодамна ги малтретираше вработените и сопственикот на кафулето „Стрит“ во Модрича,

Република Српска, по примерот на својот брат, продолжи да сее страв во рестораните и да се потсмева на келнери.

Имено, порталот Република дојде до видео на кое се гледа како Хофман му удира шлаканица на келнер во ресторан.

Ја држи главата на келнерот, му вели да ги спушти рацете, а потоа му удира шлаканици и во еден момент му го гризнува лицето.

Да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи кружеа неколку видеа на кои се гледа како група момци предводени од Љубан Хофман Видовиќ доаѓаат во неколку кафулиња во Модрича каде ги малтретираат келнерите и еден од сопствениците на кафулето.

Тие упатија сериозни закани до присутните, тврдеа дека го рекетираат половина Белград и бараат одредено лице кое го нарекоа „Црв“ и „Црвиќ“.

За да го гледате видеото кликнете ОВДЕ.

Претходна вестТрагичната вест брзо се прошири на социјалните мрежи: Почивај во мир Александар
Следна вестРегионот во шок од случката за време на венчавка во црква: „Срамно однесување на ова младо момче“