Македонија вечерва во тага: Од Алкалоид ја соопштија тажната вест – Почивај во мир Илија

4609

Алкалоид АД Скопје со објава на социјалните мрежи:

Последен поздрав од колективот на АЛКАЛОИД АД Скопје за почитуваниот Проф. д-р Илија Џонов

Со голема тага се збогуваме со човекот чии придонес, мудрост и достоинствена посветеност оставија трага што ќе се памети.

Проф. д-р Илија Џонов (роден 24 ноември 1943 во Штип) — македонски невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје. Добитник е на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2010 година.

Проф. д-р Илија Џонов беше член на Надзорниот одбор на компанијата од 1998 до 2023 година.

Неговиот професионален ангажман, знаење и човечност ќе останат пример за сите нас.

Нека почива во мир.

Искрено сочувство до семејството.

Претходна вестТетовчанка остана без дневна светлина, соседот изградил зграда веднаш до прозорот – општина Тетово вели документацијата е ВО РЕД!