Во страотна сообраќајна несреќа, загинаа најмалку 10 лица, има и многу повредени – Мексико во тага и шок

319

Првичните вести се шокирачки. Најмалку десетмина се загинати, а над 20 повредени во сообраќајна несреќа.

Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро во Мексико.

Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.

Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата.

Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.

Претходна вестАца Лукас: Првите луѓе од власта во Македонија барале да бидам уапсен – судијата ми се извинуваше во име на целиот македонски народ