ОЈО од судницата кажа: Пиротехниката ја запалил член од ДНК, но не биле вокалистите Панчо и Андреј

5253

Борчо Јанев од кочанското обвинителство на првото рочиште за трагедијата во „Пулс“ излезе со сериозни тврдења. Според него, сопственикот Дејан – Деко и неговиот син Михајло однапред го договориле настапот на ДНК, вклучувајќи ја и пиротехниката, во координација со Владимир Блажев.

Тоа, како што рече, не било никаков импровизиран момент, туку дел од планирана сценографија што групата ја користела и порано.

По нивното пристигнување, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и ги активирал пиротехничките фонтани токму за време на изведбата на песната „Што сака нека биде“. Плафонот веднаш пламнал, а клубот, со единствен излез, за миг се претворил во оган и хаос од кој повеќето не можеле да избегаат.

Судењето се одвива под силни безбедносни мерки. Во судницата, покрај обвинетите, присуствуваат и роднини на загинатите, обвинителството, одбраната и новинарите.

Претходна вестЈавноста ќе се шокира од некои одлуки на газда Деко, велат од ОЈО