Јавноста ќе се шокира од некои одлуки на газда Деко, велат од ОЈО

2020

На денешното воведно рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, шефот на кочанското обвинителство Борче Јанев излезе со обраќање кое силно одекна во судницата. Неговата изјава беше долга, но еден дел особено ја вознемири јавноста: најавата дека деталите за однесувањето на сопственикот на локалот, Деко, ќе бидат шокантни.

Јанев посочи дека сопственикот, во трка по профит, не само што ги игнорирал сите ризици, туку во опасната шема влечел и сопствени луѓе, дури и сопственото дете. „Ќе видите на што сè бил подготвен,“ рече обвинителот, нагласувајќи дека профитот за него бил единствена мерка за одлуки.

Тој нагласи дека цели години Деко успевал да го одмине системот кој, според него, практично не функционирал. Ниту имал потребни документи, ниту некој му ги барал. Имав логистика, доушници, соработници – мрежа што му го чистела патот.

„Не е пресудно кој ја запалил првата искра,“ додаде Јанев, „туку кој ја имал кофата со вода и не ја искористил.“

Обраќањето заврши со силен, долг аплауз од родителите на загинатите млади, кои со оваа реакција го поздравија кажаното.

Претходна вестОпасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје – сторителот идентификуван, следуваат казни
Следна вестОЈО од судницата кажа: Пиротехниката ја запалил член од ДНК, но не биле вокалистите Панчо и Андреј