Невреме во Македонија: УХМР утрово со најнова вест

2529

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 10 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни.

Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени Целзиусови.

Претходна вестВодата носи се пред себе – во овој дел живеат и многу Македонци, вакви дождови не се паметат со години
Следна вестПратениците одлучија: Познато дали ќе има ДАНОК за порачки од Тему, Шеин, Али Eкспрес