Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред неколку моменти се огласи преку социјалните мрежи и им даде огромна поддршка на фамилиите кои ги загубија своите деца во трагедијата во „Пулс“ во Кочани.
Како што кажа Венко, кој и самиот е пратеник, ќе делуваат преку Собранието. Еве што конкретно ќе направи СДСМ:
-Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание, напиша Филипче.



