СДСМ го исклучува од членство советникот од општина Карпош

4799

СДСМ го исклучува од членство советникот од општина Карпош

Партијата најави дека повеќе нема да има толеранции.

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.

Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови.

Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници.

ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.

Претходна вестЗемјотрес ја стресе Македонија – еве каде најмногу се осети
Следна вестГитаристот на ДНК брутално искрен: Колеги убаво што ги пеете песните на ДНК, а кај бевте вчера на маршот?