Откриен е и идентитетот на жената која беше брутално убиена во Мостар синоќа. Станува збор за Алдина Јахиќ од Калесија, објави порталот „Аваз“.
Мотивот за ова злосторство засега е непознат, а осомничен за убиството е Анис Калајџиќ, познат фудбалски судија и син на познатиот фудбалер на Вележ, Авдо Калајџиќ.
Несреќната Алдина наводно минатата година се преселила од Сараево во Мостар поради работа.
Таа бегала од Калајџиќ на автобуската станица, а за време на бегството, повикала полиција.
Подоцна се скрила во ресторан, каде Калајџиќ ја пронашол во тоалетот и ја убил.
После тоа, според неофицијални информации, се обидел да се самоубие, но пиштолот се заглавил.
Мотивот за овој брутален инцидент засега е непознат, а Калајџиќ е уапсен на местото на настанот.



