Уште една огромна полициска акција во Македонија. Овојпат целта е сосема поинаква.
Затоа што акцијата е се уште во тек, нема официјални информации од МВР.
Вечерва во селото Рашче, општина Сарај, се одвива голема полициска акција во која учествуваат специјални единици на МВР, пренесува 24info.mk.
Според досегашните информации, акцијата ја спроведува СВР Скопје, а на терен се присутни бројни специјалци кои вршат претреси на повеќе локации.
Првичните информации говорат дека е пронајдена поголема количина на оружје и муниција.
Повеќе детали се очекуваат од МВР и обвинителството во текот на ноќта или рано наутро.



