Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ со објава на социјалните мрежи:
Како денес, така и секој ден, СДСМ е со народот на терен, меѓу луѓето, со отворени уши и чиста совест.
Ги слушаме вашите коментари, забелешки и предлози, затоа што нашите политики ги креираме заедно со вас.
Пред вас стоиме со крената глава и чист образ, затоа што за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние сработивме многу.
Минималната плата ја зголемивме неколкукратно во само седум години.
За пензионерите обезбедивме системско покачување на пензиите – нешто што ВМРО-ДПМНЕ го укина, манипулирајќи ги граѓаните со еднократни 1000 денари.
За земјоделците донесовме повисоки субвенции и нови мерки за поддршка.
И првиот чекор кон промената е:
Пораз на ДПМНЕ на локалните избори најпрво во Радовиш, а потоа низ целата држава.
СДСМ во Радовиш излегува со Ристо Спасов за градоначалник чесен човек, докажан професионалец и тим на советници со знаење, енергија и волја да работат за сите.
На 19 октомври, обединиме се околу бројот 5.
Да дадеме поддршка за Ристо Спасов.
Да го започнеме бранот на промени токму од Ињево, од Радовиш.
