Турција започнува со употреба на заедничка азбука за турските држави, кажа Ердоган

130

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција ги презема првите чекори кон воведување на заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик. Изјавата дојде за време на состанокот на Организацијата на турски држави, кој се одржува во Азербејџан, и беше пренесена во живо на неговиот профил на социјалните мрежи.

Ердоган истакна дека првиот конкретен чекор во оваа насока е направен со печатењето на азбуката на дело посветено на киргискиот писател Чингиз Ајматов. Според него, ваквите иницијативи за обединување на правописот и користење на заедничка азбука имаат за цел да ги зближат народите културно и економски, поттикнувајќи поблиска соработка меѓу турските држави.

Претходна вестКурти се жали дека Србија се меша во изборите на Косово
Следна вестПрограмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост, порача Каранфилова–Пановска од Неготино