Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек, по два дена лекување во Клиничката болница во Тетово ѝ се влошила здравствената состојба и починало. Девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало во неделата, 21 септември.
Семејството на девојчето и жители на Челопек, преку социјалните мрежи бараат од надлежните органи, здравствените власти и правосудството да го испитаат секој аспект на овој случај, ако евентуално станува збор за небрижност од страна на лекарите.
Од Клиничката болница во Тетово преку соопштение велат дека биле преземени сите неопходно здравствени интервенции и дека лекарскиот персонал се однесувал крајно професионално веднаш откако било примено на одделението.
Министерот за здравство Азиу Алиу изјави дека седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, еден ден претходно било третирано во приватна здравствена установа.
„Ние побаравме од Државниот санитарен инспекторат да изврши контрола таму и веќе имаме официјален наод. Утре ќе формираме експертска група која од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес“, рече Алиу во емисијата Топ Тема.
Тој појасни дека според патоказот за лекување, терапијата на девојчето била во согласност со пропишаните правила, но нагласи дека се потребни дополнителни проверки и се чекаат резултатите од обдукцијата.



