Наместо „Марш за ангелите“, црковен помен за жртвите

29

Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“.

„На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца“, соопштија од Здружението.

Секоја сабота, низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ организираат протестен марш, со кој бараат правда, отчет и одговорност за изгубените животи на своите деца.

Бараат вистинска разрешница за овој случај и оти секој кој има одговорност, без разлика на функцијата, позицијата или моќта, мора да биде изведен пред лицето на правдата бидејќи, како што повторуваат на секој марш, нивните загуби немаат замена.

Претходна вестТри лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво во струмичко
Следна вестПочина во неподносливи болки, никој немаше на нејзиниот погреб: Сакаше само 1 маж, ама не можеше да има деца со него