Младите македонски фудбалери и со играч повеќе поразени од Италија

48

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2027 година.

Откако загубија од Полска пред четири дена, избраниците на селекторот Горан Станиќ денеска се совладани и од Италија со 0-1.

Овој натпревар се одигра на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, пред околу 8.000 гледачи. Иако Македонија седумдесетина минути имаше играч повеќе гостите беа оние кои се радуваа на победата.

Фаворити Италија од самиот почеток ја наметна својата игра. Македонските фудбалери се обидуваа преку контра напади да го загрозат противничкиот гол. Таква беше ситуацијата во 25.минута кога Моруци го собори Гаштаров, по што младиот Италијанец заработи црвен картон.

Сепак, тоа не ги поколеба Азурите кои во 35.минута преку Маријанучи поведоа со 0-1.

Во второто полувреме Македонија играше многу поофанзивно.

Во 54-тата минута спорен момент во шеснаесетникот на Италијанците. Еден од гостинските фудбалери играше со рака, македонските фудбалери и навивачи реагираа, но косовскиот судија се реши да не покаже на белата точка.

Следните два натпревари македонските младинци ќе ги играат во октомври, кога прво ќе ја пречекаат Ерменија (10 октомври), а потоа и гостуваат на Црна Гора (14 октомври).

Претходна вестСилен земјотрес ја погоди Грција
Следна вестПостојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно, истакна Ангелов