ВМРО-ДПМНЕ создава несигурност и сиромаштија, кажа Венко Филипче

55

Лидерот на опозициската СДСМ на прес-конференција изјави дека по 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ може да се даде оценка дека економската политика на оваа Влада е најлошата во историјата.

-Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку непокачување на платите, преку растот на нееднаквоста и сиромаштијата, што е свесна и намерна политика на оваа власт. Ако нешто може со сигурност да го кажам, тоа е дека СДСМ имаше и сè уште има далеку подобри економски политики насочени кон луѓето – со грижа за стандардот и со јасна цел: економија што им служи на граѓаните. Разликата е јасна: ВМРО-ДПМНЕ создава несигурност и сиромаштија. СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните, истакна Филипче.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Реален раст на платите од 7 проценти
Следна вест22-годиша девојка од Виница го управувала возилото со 3,20 промили алкохол во крвта