Активни пожари во Македонски Брод, Гевгелија, Долнени и Делчево, сите се под контрола

140

На територијата на државава до 10:00 часот утрово има вкупно четири пожари на отворен простор и истите се под контрола.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарите кои се под контрола се во општина Македонски Брод, повеќенаменско подрачје Јасен, во општина Гевгелија на планината Кожуф, во општина Долнени во село Долгаец и во општина Делчево кај градската депонија.

Претходна вестНенадејно почина д-р Виктор Исјановски
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Реален раст на платите од 7 проценти