Народна банка: Поволни кредити за станови за млади брачни парови, гувернерот со Катастарот ќе ги открива манипулациите

49

Лицата кои аплицираат за станбен кредит за да купат свое живеалиште треба да имаат поповолни услови од банките од оние кои земаат кредит за стан што потоа ќе го издаваат, предлагаат од Народната банка.

Дополнително, според гувернерот Трајко Славевски, треба да се воведат и казнени мерки за лажни изјави за целта на станбениот кредит, како тоа банките да побараат кредитот веднаш да биде вратен или рокот на враќање да биде намален. Со предложените мерки, од Народната банка очекуваат да се стабилизираат цените на недвижностите кои веќе надминаа 3000 евра за метар квадратен особено во главниот град.

Гувернерот Славевски вели дека би поддржал и мерка за поврат на ДДВто за оние кои купуваат свое живеалиште, иако од Министерството за финансии најавуваат зголемување на ДДВто од 5 на 18%. Економскиот експерт Абил Бауш, вели дека овие мерки се за поздравување, но не очекува дека ќе го регулираат пазарот на недвижности. Препорачува дека за суштинско намалување на цените на становите, потребна е поробусна даночна реформа.

Иако цените за метар квадратен им се добро познати на граѓаните, сепак, Катастарот за недвижности веќе подолго време не располага со официјални податоци за тоа како се движат цените на недвижностите во државата, потврдува Директорот на Катастар. Иван Живковски.

Економскиот аналитичар Абил Бауш вели дека со ова би се зголемила транспарентноста на формирање на цените на пазарот на недвижности, но потенцира приоритетни се подлабоки реформи во градежниот сектор.

Претходна вестДеканот на Градежниот факултет во трка за градоначалник на Скопје како независен кандидат
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ