Муцунски во Брисел, ќе се сретне со Марта Кос и Јан Копман

48

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агендана Северна Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.

Претходна вестРК Алкалоид го освои турнирот „Јоже Шилц“ во Словенија
Следна вестФинансиска полиција: Разоткриена криминална група, уапсени 7 лица