Реакција на СДСМ Струмица, по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
Почитувани,
Вчерашното соопштение од ВМРО ДПМНЕ, каде што неповикани се ставија повторно во улога на “непоканет гостин, пред врата стои” е уште ден показател на нивната безидејност.
Додека во државата целосно ги игнорираат работничките права и синдикатите (правејќи праралелни) и минималната плата ја оставија Македонија да биде на најниксото место во Европа, сега наместо да очекуваат работниците поддршка од нив, тие го напаѓаат Марјан Даскаловски, какво лицемерие!?
Во минатите месеци со сите сили на централната власт ги блокираа градинките во Струмица, оставајќи ги на прагот под минимум со персонал, каде што сите деца во Струмица и селата како дел од општината треба да добијат нега и внимание.
Од друга страна, немаат желба да седнат да разговараат со работниците ширум државата, оставија безброј претпријатија без плати со месеци, па сега најдоа и памет да солат за Струмица.
Господа од ВМРО ДПМНЕ, што упорно се криете по штабовите…
Далеку сте со капацитет да можете да се споредувате со Марјан Даскаловски и тоа што СДСМ го има направено за Струмица.
Далеку сте од кандидат за градоначалник, а уште помалку пак и до решенија.
Имате апсолутна власт, а работниците не сте ги ни погледнале во очи, уште помалку пак сте им помогнале.
Додека СДСМ константно се бореше за повисоки плати и ги реалаизираше, вие шверцувате синдикална кошничка по ваш терк.
Вие сте шампиони во избегнување на одговори и симулирање “опозиција” додека сте власт.
Работниците ги оставате “сами” да се договорат, а за анализи и совети дека можат да живеат, ама треба малку да трошат сте експерти.
Затоа, ве молиме, кога не знаете да помогнете и најдете решение, барем не одмагајте!
Не сте вие со работниците, никогаш не сте ни биле!!, велат од СДСМ Струмица.