По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

107

Општина Лозово и во претстојната нова учебна година ќе обезбеди ваучери од 4.000 денари за сите ученици кои оваа есен ќе почнат во прво одделение. Средствата се наменети за набавка на училишен прибор и облека, како поддршка за родителите во подготовките за новата учебна година.

Градоначалникот Бошко Цветковски информира дека Одлуката едногласно е донесена на последната седница на од Советот на Општина Лозово.

Тој потенцира дека оваа мерка е дел од заложбата на локалната власт за помош на семејствата и вложување во иднината на децата.

-Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет. Затоа, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати, потенцира Цветковски.

Претходна вестЗапочна асфалтирање на првата делница од локалниот пат за Буково, објавија од Општина Битола
Следна вест„Охрид СОС“: Промените во Правилникот за урбанистичко планирање се против волјата на заедницата