Убава вест од премиерот: Нов здравствен дом во Илинден по половина век

245

Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век. Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, за основна здравствена заштита, но и специјалистички здравствени услуги.

Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на Министерството за здравство и на Општина Илинден. Заедно со придружната инфаструктура вкупната инвестициска вредност изнесува 25 милиони денари.

Претходна вестПозитивната енергија се повидлива: Лукароска и Форум на жени одржаа панел дискусија „Од политика до професија: Жената под постојан напад“
Следна вестЖика доживеа мозочен удар – ова се најновите детали за здравјето на популарниот водител